АВМУ: Премиерот да се воздржи од дискредитирање, етикетирање и дискриминирање

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) вечерва реагираше на изјавата на премиерот Зоран Заев и најостро ја осуди. 

Во соопштението на АВМУ се наведува дека изјавата на премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“ е проблематична најмалку по три основи.

„Премиерот, како носител на јавна функција, наместо да ја прифати и да ја почитува улогата на новинарите како критичари на работата на власта се обидува да дискредитира новинар. Наместо да покаже највисоко ниво на почитување на различностите, тој употребува етикетирање кое што е дерогирачко за ЛГБТ-лицата. Заев во својата изјава, исто така не ја почитува ниту пресумпцијата на невиност”, се наведува во соопштението .

Агенцијата, како што се додава, уште еднаш сака да ги потсети политичарите дека нивна обврска е да ги почитуваат европските стандарди за слобода на информирање, да ги почитуваат различностите и да се воздржат од употреба на јазик којшто може да ги поктопа овие вредности.

 

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе