AВМУ од денеска почнува со мониторингот за локалните избори

Од денеска почнува мониторинг на изборното медиумско известување на радиодифузерите за локалните избори 2021 година, соопшти . Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Во периодот до почетокот на изборната кампања, предмет на надзор ќе бида тпрвиот телевизиски програмски канал на јавниот сервис – МРТ1 и шест комерцијални телевизии на државно ниво кои имаат просечен неделен досег над 10% – ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Телма, ТВ Алсат-М, ТВ Алфа и ТВ 24 Вести. Сите останати програмски сервиси ќе се мониторираат врз основа на претставка.

Предмет на мониторинг ќе биде нивната вкупна програма, со посебен фокус на централните изданија на вестите и посебните информативни емисии во кои учествуваат претставници на власта (државна/локална), на политички партии и други потенцијални учесници во изборите. Ќе се мониторираат и сите други програми во кои има потенцијални учесници во изборите без оглед на причините за нивното појавување.

На интернет страницата на АВМУ објавени се сите материјали релевантни за изборниот процес – законски и подзаконски акти поврзани со изборите, обрасци за преставки, публикации, извештаи и слично.

Имајќи предвид дека со распишувањето на локалните избори за 17 октомври 2021 година, стапија на сила одредбите од Изборниот законик, ги потсетуваме сите радиодифузери на одредбите релевантни за нивното известување и постапување во периодот пред почетокот на изборната кампања“, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе