Реакција

АВМУ: Обвиненијата против новинарите за објавување информации се против заштитата на јавниот интерес

Објавувањето документи со информации од висок јавен интерес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми затоа што ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на политичките и јавните органи, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) по повод одлуката на Основното јавно обвинителство да покрене обвинителен акт за оддавање службена тајна против Александар Митовски од порталот „Инфомакс.мк".

АВМУ истакнува дека медиумите при вршењето на својата работа мора да ги почитуваат професионалните и етичките новинарски стандарди, а институциите да имаат предвид дека покренувањето обвиненија против новинари за објавување информации негативно се одразува на постигнувањето на заедничката цел – заштита на јавниот интерес. 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе