АВМУ: Новинари да не учествуваат во предизборни активности

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му укажа на Јавниот радиодифузен сервис дека нужно мора да води сметка, сите вработени кои се ангажирани во подготвување на програмите да ја почитуваат одредбата од Изборниот законик според која тие не смеат истовремено да учествуваат и во предизборни активности на политички субјекти.

Укажувањето беше упатено откако, преку снимки објавени на социјалните мрежи, беше утврдено дека новинарката на МРТ1, Гордана Ѓорчева, беше водителка на 18-та Конференција на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ која се одржа во неделата, на 3 март 2019 година.

Инаку, со мониторингот на известувањето во предизборниот период беше констатирано дека на програмите на радиодифузерите, кои во моментов се предмет на надзор, таа не се појави во прилозите од овој настан.

Агенцијата ги потсетува сите радиодифузери дека уредници, новинари, водители на програма и презентери кои се ангажирани во подготвување програми на радиодифузерите, мора да ја почитуваат оваа забрана, која важи од распишувањето до завршувањето на изборите.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе