Едногласна одлука

АВМУ ќе утврдува кој е сопственик на 1ТВ

Советниците од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) едногласно одлучија дека се исполнети услови за започнување постапка за утврдување на вистинското сопствеништво на 1ТВ.

„Лицето Бојан Јовановски во изминатиот период на неговиот медиум, но и на други медиуми јавно изјавува дека е сопственик на телевизијата 1 ТВ, што е спротивно со податоците со кои располага Агенцијата за медиуми и спротивно на член 34 од Законот за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги во којшто не е дозволено тајно содружништво или таен скриен сопственик“, рече директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски.

На седница се одлучи дека се исполнети условите за постапка за утврдување на вистинското сопствеништво. Постапката се отвора согласно членот 34 од Законот за АВМУ.

Одлуката е усвоена откако во последното интервју на 1ТВ, Бојан Јовановски, во повеќе наврати призна дека сопственик на телевизијата е неговиот татко, иако тој се преставува како сопственик. 

Конечната одлука АВМУ ќе ја донесе откако ќе го добие одговорот од Јовановски.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе