АВМУ ќе поведе постапка против 1ТВ, мајката на Боки 13 доби државна функција

Агенцијатa за медиуми ќе поведе постапка против „1тв“ откако мајката на Бојан Јовановски, кој се претставува како директор на телевизијата, добила работно место како член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации.

Јасминка Јовановска на оваа позиција беше назначена во петокот со гласање на седница на Собранието. Некои медиуми пренесоа дека препораката за Јасминаа Јовановска дошла лично од Александар Кирацоски, генерален секретар на СДСМ и пратеник во Собранието.

Според член 38 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиуми, „политички партии, државни органи, јавни претпријатија, носители на јавни функции и членовите на нивните семејства не може да вршат радиодифузна дејност, ниту да бидат основачи, соосновачи или да добиваат учество во сопственоста на радиодифузерите“.

Сопственик на телевизијата 1ТВ, според податоците од Централниот регистар, е фирмата „БМЈ медија груп“, а директор е Јасна Мандиќ. Сопственици на „БМЈ медија груп“ се Јасна Мандиќ и таткото на Боки 13, Миле Јовановски. Во овој случај или таткото на Бојан или неговата мајка треба да се откажат од сопствеништвото во телевизијата или од јавната функција.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиуми поведе постапка против „1ТВ“ бидејќи Бојан Јовановски или Боки 13 во јавноста се претставува како сопственик на телевизијата, иако, според податоците од Централен регистар тоа не е.Оваа постапка не беше изгласана од страна на Советот на АВМУ.

Новата постапката против 1ТВ ќе се отвори на седница на Советот на Агенцијата за медиуми в петок.

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе