АВМУ донира еден милион денари за заштитна опрема за полициските службеници

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) донира на Министерството за внатрешни работи еден милион денари кои ќе бидат искористени за набавка на средства и опрема за извршување на активностите на министерството за превенција, спречување и ширење на корона вирусот, за што вчера потпишаа договор министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски. 

 

За Министерството за внатрешни работи е значаен овој потег на Агенцијата, не толку заради фактот што добива одредена финасиска поддршка, туку многу повеќе заради фактот што се почитува и вреднува улогата и досегашните напори на полицијата во справувањето со епидемијата.

 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе