Реакција

АВМУ: Дејствувањето на Бојан Јовановски е надлежност на обвинителството, а не наша

Законите за медиуми не му даваат надлежност на регулаторот да го испитува потеклото на капиталот, велат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ)  во реакција на денешното соопштение на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Од АВМУ се непријатно изненадени од соопштение на ЗНМ, во кое, како што оценува регулаторното тело, тенденциозно се сугерира дека Агенцијата не постапила во врска со можната злоупотреба на 1 ТВ за нелегални активности.

„Дејствувањето на Бојан Јовановски и евентуалната злоупотреба на медиумот од негова страна се предмет на постапување на обвинителството, судството, финансиската полиција, а не на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, којашто го следи почитувањето на законите за медиуми. Во овој контекст, Агенцијата  врши континуиран надзор врз радиодифузерите, при што правилата за сопственичка структура не се исклучок“, соопшти АВМУ.

Агенцијата информира дека на 4 јули е донесена одлука за поведување постапка за проверка на сознанијата дали Бојан Јовановски е сопственик на 1 ТВ, односно дали е нејзин таен содружник. Постапка (во февруари) беше поведена и поради именување на сопругата на еден од основачите на 1 ТВ за носител на јавна функција. Јавни реакции беа упатени и поради прекршување на програмските стандарди и заканите кон новинарка од друг медиум поради нејзините критики за емисија што се емитуваше на 1 ТВ, наведува АВМУ.

Според АВМУ, законите за медиуми не му даваат надлежност на регулаторот да го испитува потеклото на капиталот. Оттаму, стои во соопштението, Агенцијата е зачудена од барањето на ЗНМ да се спроведе итен вонреден надзор со цел да се утврди дали телевизијата 1ТВ ги има прекршено одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и имајќи го предвид претходно наведеното, нејасно е што се очекува да се констатира со надзорот.

„Секое поинакво прикажување на надлежностите и работењето на Агенцијата во јавноста, не е ништо друго туку само уште еден во низата обиди за нејзина дискредитација, чија цел е да се оправда општиот неуспех на сите релевантни чинители во медиумската сфера за да се создаде поволен амбиент за работата на медиумите. Агенцијата во повеќе наврати повторуваше дека кадровските промени не се решение за состојбата во медиумите, туку дека е потребно заедничко дејствување и на регулаторот и на ЗНМ, синдикатот, Советот за етика, медиумските работници“, се вели во соопштението од АВМУ.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе