АВМУ: Ангажманот на новинарите како советници на премиерот може да ја загрози слободата на изразување

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги смета дека двојниот ангажманот на вработени новинари во телевизии како советници кај премиерот, претставува пречка за поставување професионална дистанца при информирањето на јавноста и да ја загрози слободата на изразување.

„Улогата на медиумите е да бидат критичари и коректори на власта, и во тој контекст, неопходно е при ангажманот на кадарот, да водат сметка дека треба да обезбедат самостојност, независност и одговорност на уредниците, новинарите и другите автори при создавањето на програмите и креирањето на уредувачката политика. Ова е важен предуслов за известувањето да биде објективно и непристрасно со еднаков третман на различните гледишта така што јавноста ќе може самостојно да гради мислење за општествените случувања и настани“, пишиува во соопштението на АВМУ по објавувањето на информациите за истовремен ангажман на две лица и како активно вработени новинари во телевизии и како советници на премиерот Зоран Заев.

Оттаму додаваат дека во време кога земјава прави напори за зголемување на професионалноста на медиумите и слободата на информирање, ваквиот двоен ангажман може да претставува пречка за поставување професионална дистанца при информирањето на јавноста и да ја загрози слободата на изразување.

Агенцијата за ова ги информирала и премиерот Заев и двете телевизии.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе