Реакција

Аваја за пописот: Неправилности и манипулации со Ромите во Струмица, Гостивар, Виница, Тетово, Велес...

Граѓанското движење Аваја, изминатите десет дена нотираше сериозни неправилности, притисоци и манипулации врз ромската заедница при спроведување на пописот во државата. Овие манипулации се случуваат на места каде што Ромите живеат во средини со доминантно население од други етнички заедници, информираат од Аваја.

Во Струмица, велат од Аваја, регистрирани се лица кои биле попишувани пред продавница на улица Бетовенова и не биле прашани за етничка припадност од страна на попишувачот.

„Во Струмица и Радовиш припадници на турското движење се пријавени како одат заедно со попишувачите во ромските маала и домаќинства, при што давале турски знамиња додека се одвивала „статистичката операција“. За овој случај реагираше и Државниот завод за статистика, меѓутоа немаме информации дали е повторен пописот на овие места и дали се преземени соодветни постапки кон инволвираните.

Во Велес попишувачот при спроведување на пописот велел дека нема етничка припадност Ром/Ромка во пописниот прашалник. Попишувачот бил отстранет од пописот, но по неколку дена бил вратен на терен. Кој ги дал инструкциите за враќање на попишувачот на терен? Дали пописот е повторен на тој реон? Како може попишувач да биде отстранет поради нерегуларности и повторно да биде вратен на терен? Дали е поведена постапка против локалната пописна комисија која повторно ја вратила попишувачката на терен.

Во Тетово едно ромско семејство е попишано како албанско затоа што во цела околина живееле Албанци. Забележано е внесување на податоци во тетратка за попишувачот да не се враќа повторно во истото домаќинство. Дополнително, има и други случувања во форма на притисок каде попишувачот по неколку пати ги прашува Ромите за етничката припадност.

Во Дебар и Кичево попишани се ромски семејства како Албанци без да бидат прашани за етничка припадност, истото се случувало и во Берово, Виница, Гостивар…

Генерална забелешка во сите општини е дека попишувачи земале само лична карта без да прашуваат прашања поврзани со етничкиот идентитет на граѓаните.

Сите овие примери укажуваат дека ДЗС нема целосна контрола врз спроведување на пописот, бидејќи општинските пописни комисии го контролираат процесот преку инструкторите и попишувачите.

Исто така, сакаме да напоменеме дека овие случаи, особено само со земање лична карта, придонесуваат за брзото спроведување на пописот на населението, кое на крајот резултира со квантитет, а не квалитет на собирање на податоци.

За надминување на ваквата состојба, со цел да се спроведе кредибилен попис, ги упатуваме следните барања до ДЗС:

Да се донесе одлука да се повтори пописот во оние реони каде што се забележани нерегуларности од страна на населението и граѓанскиот сектор.

Да се продолжи рокот за спроведување на пописот на оние локации каде што пописот нема да биде завршен во предвидениот рок и на оние локации каде што имало нерегуларности и притисоци.

Бараме во текот на повторувањето на пописот да се обезбедат стриктно попишувачи Роми, со оглед на тоа дека одредени попишувачи ја злоупотребуваат својата положба.

Да се поведе соодветна постапка против попишувачите и други структури кои свесно ја искористиле својата положба за вршење манипулации.

Од Државниот завод за статистика бараме транспарентност во процесот на попишување“, соопштија од Аваја и додадоа дека за сето ова се информирани и се и претседателот на државата и на Владата, министерот за правда, дипломатските претставништва во државата, мисијата на ОБСЕ и Евростат.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе