Реакција

Аваја реагира на попишувачи во Велес, Ром бил попишан како не-Ром

Здружението Аваја соопштува дека во текот на спроведување на пописот во Велес конкретен попишувач не ја извршувал својата работа согласно правилата за попишување на пописот, особено во делот на пополнување на информациите кои се однесуваат на религија, јазик и етничка припадност. Лице кое било попишано од страна на конкретниот попишувач сведочи за неможност да ја изјасни својата ромска етничка припадност, реагира Аваја.

„Лицето кое се попишало јасно истакнал дека сака да биде попишан како Ром на пописниот лист, меѓутоа конкретниот попишувач навел дека не може да го најде делот наменет за релија, јазик и етничка припадност во пописниот прашалник. Следствено, пописот завршил без лицето да биде попишано како Ром. Во овој случај истакнуваме дека станува збор за непополнување или неточно пополнување и прикривање на податоците внесени во пописниот лист што претставува казниво дело и акт кој повикува на преиспитување на податоците внесени во пописната апликација од страна на конкретниот попишувач.

Апелираме дека ваквото постапување од страна на конкретниот попишувач може да претставува и злоупотреба на вршењето на оваа конкретна задача. Апелираме и бераме нонкретниот попишувач во Велес да биде отстранет од позицијата попишувач, да биде казнет според  Законот за попис, а внесените податоци во електронскиот пописен прашалник од страна на овој попишувач да бидат класифицирани како наупотребливи податоци и попишаните лица повторно да бидат попишани.

Како здружение располагаме со информации во делот на точен број на Роми на национално и локално ниво (според своја развиена методологија). Истакнуваме дека доколку бројот на Роми на овој попис е значително помал од реалниот број на Роми во државата, нема да ги признаеме резултатите од пописот“, се вели во реакцијата на Аваја.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе