сабота, 13 декември 2025

Атлантистите од Софија предупредуваат на план „Виножито“ според кој Русија треба да ја направи Бугарија неутрална

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе предупредивме за рускиот план ‘Виножито’ – од Доњецк и Луганск, преку јужна Украина, Одеса, Молдавија, Романија, Бугарија како ‘руска порта на Балканот’, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина (Република Српска), Северно Косово. Засега, непреченото остварување на овој пеколен план е попречено од херојскиот отпор на Украина против агресорот и големите загуби на Руската Федерација. Затоа Стефан Јанев (близок соработник на претседателот Румен Радев одговорен за безбедносни и одбранбени прашања – н.з.) вложи максимални напори во нашата земја да нема сили на НАТО преку измислениот ‘борбеното чудо бугарски батаљон’ целосно под бугарска команда, дополнет со сојузнички сили, ако е потребно (т.е. никогаш ) – чиста глупост и како концепт и како можност за имплементација. Затоа сега БСП (Бугарската социјалистичка партија, владин коалициски партнер – н.з.) престанува да испраќа воена помош за Украина“, посочуваат атлантистите.

„Ако се спроведе овој план, се предвидува преодна влада на претседателот, која ќе дозволи руските војници и оружје да минуваат низ Бугарија (наводно транзит) на пат кон Србија и Босна и Херцеговина, откако Србите од Република Српска ќе се отцепат од федерацијата и ќе сакаат да се обединат со косовските Срби во Голема Србија. Затоа колаборационистот Јанев не зборува за војна, туку за воена операција. Во такво сценарио се очекува Бугарија да прогласи „неутралност“, а Стефан Јанев практично да ги развие неговите теории за тоа како да се учествува во меѓународни формации. Формално, да се биде во НАТО и ЕУ, но реално, во име на „националниот интерес“ (според руските сфаќања), да се избере што да се правиме, во случај да нема присуство на НАТО во Бугарија и слободно да ги пуштаме руските војници и оружје на патот до новата конфликтна точка, која ќе се формира по отцепувањето на Република Српска од Босна и Херцеговина и изградбата на Голема Србија“, се вели во соопштението.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ