Грчки „Катимерини“

Атина „лови“ грешки во спроведувањето на Преспанскиот договор во Македонија

Речиси три години стапувањето во сила на Договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија, поранешната југословенска република сѐ уште не ги исполнува сите услови од договорот, пишува грчки „Катимерини“.

Властите во Атина го набљудуваат напредокот и регистрирале осум, како што велат, проблематични области.

Прво, според нив, е тоа што новото официјално име и соодветните придавки не се користат секогаш од јавните агенции и институции, како и приватни субјекти. „Понатаму, интернет страниците на државни институции не се секогаш ажурирани според договорот и во многу случаи старите кодови MK и MKD не се заменети со RNM или NM.

Друго прашање е што таблите на некои министерства и други државни агенции не го содржат новото име на државата“, пишува весникот.

Во текстот уште се додава дека таблите на спомениците не секогаш се сменети на начин кој го потврдува хеленското историско и културно наследство на античка Македонија, како што е предвидено со Договорот, а сонцето од Вергина сѐ уште се користи на јавни простори. Како пример се наведува дека сонцето од Вергина уште го има на централниот плоштад во Виница и во дворот на основното училиште „Никола Карев“ во Кочани.

„Во Музејот на македонската борба во Скопје има мапи на таканаречената ‘голема Македонија“ на кои се вклучени делови од сегашна Грција и има иредентистичка фразеологија“, се додава во текстот.

Друго прашање што ги загрижува властите во Атина е што многу улици во Скопје сѐ уште ги носат имињата на антички македонски кралеви. Последната забелешка е што, како што забележале грчките набљудувачи, „кога Северна Македонија учествува на меѓународни изложби, спортски настани и слично, двата збора што го сочинуваат името на државата мора да бидат напишани со иста големина на буквите“, а тоа не било секогаш почитувано.

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе