Атина го објави текстот на договорот за името

Грчкиот весник „Катимерини” попладнево го објави интегралниот текст на договорот за името, на 20 страници. Македонската Влада, најави дек текстот на договорот ќе го објави утре, откако ќе помине на владина седница, но јавноста веќе го има на увид.

Во Грција, договорот веќе им е поделен на лидерите на политичките партии, а се очекува в петок премиерот Алексис Ципрас во Парламентот да брифира за сите аспекти на договорот. 

Во текстот во кој двете земји се пишуваат како „прва” и „втора” страна пишува дека официјалното име на Втората страна ќе биде „Република Северна Македонија” што ќе биде уставно име на Втората страна и ќе се употребува ерга омнес, како што е предвидено во оваа Спогодба. Скратеното име на Втората страна ќе биде „Северна Македонија”. 

Во наредниот член стои дека државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи. 

„Официјалниот јазик на Втората страна ќе биде ‘македонски јазик’, како што е признаено на Третата конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржава во Атина во 1977 година”, се наведува во текстот.  

Термините „Македонија” и „македонски” дополнително се објаснуваат. 

Што се однесува до кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде NM или NMK, а за сите други намени кодот на земјата останува да биде МК и МКД. 

Придавката во однос на државата пак, нејзините службени органи и други јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име на Втората страна или со нејзиното скратено име, односно „на Република Северна Македонија” или „Северна Македонија”…

Во договорот меѓу другото, стои и дека „Втората страна нема да го  користи повеќе во никаква форма симболот на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци од стапувањето на договорот во сила Втората страна треба да го тргне симболот од поранешното знаме од сите јавни места и од јавна употреба на својата територија. Ова не важи за археолошките артефакти”. 

Исто така, пишува дека „секоја страна треба да ги почитува препораките на Конференцијата на ОН за стандардизација на географските имиња во однос на употребата на официјалните географски имиња и топоними на територијата на другата страна…”. 

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе

Ако Владата е искрена пред нацијата во своите намери да го сочува националното достоинство на македонскиот народ треба да го сподели оригиналниот текст на амандманските интервенции во Уставот.

повеќе