Метју Нимиц, посредникот на ОН во преговорите за името, вели дека на маса се пет негови предлози: Република Горна Македонија, Република Северна Македонија, Република Македонија (Скопје), Република Нова Македонија и Република Вардарска Македонија.
Македонскиот премиер Зоран Заев за три дена, во среда, ќе се сретне со неговиот грчки колега Алексис Ципрас на светскиот економски форум во Давос. На средбата премиерите ќе разговараат за текот на разговорите околу името. Наскоро се очекува и средба меѓу шефовите на дипломатиите на двете земји, пишува весникот.