„Ќе останат без работа 10 илјади луѓе“

Вработените велат дека е нелогично барањето за одалечување на обложувалниците од училиштата

Со Предлог законот за оддалечување на обложувалниците од образовните институции, преку ноќ ќе им се стави клуч на спортските обложувалници, а 10 илјади вработени ќе останат без работа, велат вработените во спортските обложувалници.

„Законот во истиот момент без работа би оставил 10 илјади луѓе, тоа се само директно вработените во оваа индустрија веројатно тоа ќе повлече и лавина на останати субјекти со кои соработуваме зборуваме за околу 100 микро фирми чие производство исклучиво зависи од нашето работење веројатно зборуваме за уште поголема бројка. Целиот наш сектор не гледа никаква потреба од носење на ваков закон, дадено е растојание од 500 метри да нема обложувалница да нема казино во близина на училишта, верски објекти итн. Со 500 метри апсолутно имаме затворање на целата индустрија, бидејќи не постои каков било објект во урбана средина во градско подрачје да е на помало растојание од 500 метри“, изјави претставникот на вработените во спортските обложувалници Стеван Крстески на конференцијата за медиумите пред Владата.

Тој додаде дека не гледа никаква опасност, обложувалниците да се во близина на училишта.

„Не гледам никаква опасност затоа што нас не ни се клиенти децата од основно училиште, нема тука никаква опасност. На крајот на краиштата, на секој објект пишува забранет влез на лица под 18 години. Неколку пати е побарано да се разговара во формалните и во неформалните средби тоа ни е главниот адут за да докажеме колку е небулозно, нелогично вака конципираното законско решение, од наша страна беа доставени неколку точки кои би биле можеби подобрување на законот, не сме ние терористи, криминалци, па сега децата ќе ги штитите од нас. Мислам дека и така имаме кревка економија, а со ова ќе ја доруинираат, бидејќи ние сме најголеми даночни обврзници, не правиме ние никаква штета на децата затоа што тоа е и веќе регулирано со закон и ние се придржуваме, малолетни деца не примаме во нашите објекти“, изјави Крстески.

Инаку, со новиот Предлог закон предложен од страна на Министерството за финансии, се предвидува обложувалниците и казината да бидат 500 метри оддалечени од образовните институции, основните, средните училишта и факултетите.

Министерство за финансии ја утврдило ваквата потреба бидејќи во постојниот закон воошто не е утврдена оддалеченоста од основни и средни училишта и високообразовни институции, на деловните простории во кои се одвиваат игрите на среќа.

 

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе