Видео на албанска ТВ

Асим Муса, заменик министер за здравство фатен како зема мито

Екипата на познатата емисија Фикс фаре на албанската ТВ станица Toп ченел Ин7 го сними македонскиот заменик министер за здравство Асим Муса како прима мито од пациент од Албанија за да му заврши работа за операција во болница во Струга.

На видеото се гледа како заменик министерот Муса се пазари со пациентот, односно со новинарот, како бара 1.000 евра, а како аванс зема 50 евра.

По состанокот во Институтот за нефрологија во Струга, Муса и „пациентот“ го одредуваат денот на операцијата.

Муса бил три години директор на две болници во Струга. Две години во општата болница и една година во болницата за нефрологија.

На почетокот соработниците на Фикс фаре размениле пораки со заменик-министерот и договориле термин и место за средба во Скопје. Во разговорот Муса кажува дека операцијата ќе ја изврши во болница и ќе чини 1.000 евра и парите треба да му се даваат нему. Доколку пациентот би се појавил во други околности би требало да плати повеќе за ова операција некаде 1.100-1.200 евра. Но, заменик-министерит ги убедува соработниците на „Фикс“ дека нема да платат за анализите што би чинеле околу 150 евра.

Заменик-министерот во разговорот тврди дека тој овозможува и интервенција сунет за што се плаќа 100 евра. На крај од разговорот соработниците му се обраќаат на заменик-министерот дали ќе може плаќањето да го направат во тој момент за пакетот со што би добиле попуст, но Муса им побара плаќањето да биде направено во денот на интеревенцијата.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе