„Битолскиот конгрес и денеска е важен чин зашто ориентира кон Европа и евроинтеграциите. Денот на азбуката и на просветата е дух на толеранцијата, на соживотот и на комуникацијата меѓу народите и поради тоа сите народи во Европа и во светот денеска му го честитаат овој ден на албнанскиот народ“, изјави директорот на Институтот кој денеска одбележа 113 години од Битолскиот конгрес.
На денешен ден во 1908 година, во Битола завршил Конгресот на кој била создадена албанската стандардизирана азбука. Конгресот бил свикан на 14 ноември и учествувале 32 делегати со право на глас, претставници на 26 градови и различни албански друштва.