Арсовски: Зошто Ременски, Заев, Шекеринска сѐ уште не се повикани на распит

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски, кој е десна рака на Зоран Заев, пред само неколку дена јавно на прес конференција проба да ги амнестира сите инволвирани политичари во случајот „Рекет“, изјавувајќи дека немало инволвирани политичари. Само неколку дена потоа излезе документ од исказ за кој самото обвинителство на Јовевски и на Русковска потврди дека е автентичен и со самото тоа потврди дека според исказот на оштетениот вмешани се целиот политички врв на СДСМ вклучително и Зоран Заев, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Истрагата се води штуро, без потребен интензитет и непрофесионално. Јавното обвинителство се занимава со се, само не со тоа што треба, а тоа е да ја сведе истрагата експедитивно до самиот крај и да се разреши целиот случај во корист на граѓаните. Сега во моментов им е поважно како излегол документот, и дефокусираат, а не има е важно да ги повикаат сите оние инволвирани на распит да го дадат својот исказ за својата вмешаност. Цели 4 месеци Русковска не повикува никого на распит. За разлика од тоа, во случајот со 27-ми само со еден исказ беа притворени луѓе. Начинот на кој Зоран Заев ја опструира професионалноста на истрагата и пробува да ја управува по свој терк е само уште една потврда за неговиот, страв, очај и инволвираност во целиот случај „Рекет““, истакна Арсовски.

Арсовски запраша зошто сеуште не е повикан Зоран Заев на распит.

„Зошто сеуште не се повикани на распит целата фамилија Ременски? Зошто сеуште не е притворен синот на Катица Јанева, за кој што видовме дека имало директна вмешаност во целиот случај? Зошто сеуште не е повикана на распит Радмила Шекеринска, да каже што разговарале кај Боки 13? Кои се други се вмешани во целиот случај на „Рекет“? Кога ќе бидат повикани на распит сите овие луѓе? Дали Заев, Русковска и Јовевски сакаат да ја забошотат целата истрага, на тој начин со кој што ќе ја развлечат, и всушност нема ништо да направат?“.

Замешани се сите до еден и влезени се до гуша во криминал целата Влада и целото раководство на СДСМ. Одговорност мора да има за сите до еден“, истакна Арсовски.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе