Арсовски: Зоран Заев и Стево Пендаровски се соочени со пораз и ги фаќа паника

Зоран Заев ја загуби поддршката од граѓаните. Зоран Заев и Стево Пендаровски се соочени со пораз и ги фаќа паника, изјави  Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев ја загуби поддршката од граѓаните. Зоран Заев и Стево Пендаровски се соочени со пораз и ги фаќа паника, ова денеска на прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Паниката е огромна и очигледна. Најдобар доказ за тоа е фактот дека Зоран Заев се фаќа за последната сламка на спасот со која што се надева дека ќе го намали неизбежниот пораз кој што еднаш веќе му се случи. Зоран Заев сега се фаќа со тоа што најдобро го знае и владее, а тоа е кршење на законите, криминал, корупција, закани, уцени и поткуп, со кои што повторно ќе се обиде да ја изигра и изманипулира јасно изразената волја на граѓаните од првиот круг на претседателските избори. Зоран Заев е толку очаен што почна да врши притисоци и врз приватни фирми и врз администрацијата, јавните и други институции. Според информациите кои дојдоа до нас, Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска повикале во влада претставници на текстилната индустрија. Јавно прашуваме која е целта на оваа средба во владата и зошто токму после првиот круг кога нивниот кандидат Пендаровски доби црвен картон од граѓаните, се повикани токму во владата? Не очекуваме дека власта ќе признае дека врши притисоци врз приватните компании, но очекуваме надлежните државни институции да преземат соодветни мерки со кои што ќе се спречи криминалното сценарио на власта кое што го подготвува за вториот круг“, потенцира Арсовски.

Тој додава дека се побројни се и дојавите за притисоци врз државната и јавната администрација. Таму каде што власта смета дека може да изнуди глас повеќе за нејзиниот кандидат, следуваат повици да се излезе и масовно да се гласа за Пендаровски, а таму каде што имаат информации дека станува збор за лице кое што не ги поддржува политиките на актуелната криминална власт, тогаш следуваат закани за да не се излезе на гласање.

        

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе