Арсовски: Заев спроведува демакедонизација преку Георгиевски и Бучковски

Пробните балони на Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски, се тоа кое што Зоран Заев всушност го договара со соседна Бугарија. Заев планира и спроведува демакедонизација на се што е македонско во Република Македонија. Едноставно, обезличување на идентитетот, јазикот, историјата, народот, нацијата, државата и се она кое што не прави горди Македонци, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Документот објавен во медиумите од филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ги потврди тврдењата на Претседателот на МАНУ, господин Коцарев и професорката Котеска, дека Зоран Заев на најдрзок и најбезобразен начин преку своите инсталации сака да ги укине македонските катедри за македонска книжевност и македонски јазик. Со ова Зоран Заев сака да го обезличи и осакати македонскиот народ, укинувајќи му ги катедрите по македонски јазик и македонска книжевност.

Ова значи целосна демакедонизација на македонскиот народ и држава, во насока на изјавите на Бучковски и Георгиевски кои пак се аминувани од Заев дека немаме сопствена историја и јазикот ни е вештачки, што е спротивно на реалноста. Лудилото на власта и Заев е веќе повеќе од очигледно, а ние ја повикуваме јавноста будно да ги следи делувањата и изјавите на оваа тројка Заев, Бучковски, Георгиевски, и секогаш кога ќе има опасност за идентитетските прашања заедно со нас бурно да реагира“, вели Арсовски.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе