Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ комуницира со сите партии, а коалициите на СДСМ траат по неколку часа

Имаме комуникација со политичките партии и не би навлегувал во детали да не ги нарушам процесите. Но, од она што може да се забележи од претходно што го говорел и претседателот Мицкоски, но и што се постулатите на ВМРО-ДПМНЕ, програмските, економските определби треба да се идентификуваат, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Во однос на комуникацијата на ВМРО-ДПМНЕ со останатите партии, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека морал да забележи дека пријателски односи и комуникација имаат буквално со сите партии, а доколку има некои детали ќе излезе официјална информација.

Прашан дали по средбата на Мицкоски со лидерот на ДУИ Али Ахмети се најавува нова средба или пак во меѓувреме се разговара конкретно со оваа партија или со некоја од останатите партии од албанскиот блок Арсовски со ист одговор дека нема да навлегува во детали за да не наштети на процсот.

„Бидејќи е посериозен процес преговарањето на парламентарно мнозинство не би навлегувал во детали за да не им наштетам на процесите. Од она што можеше да се забележи, имаше една средба меѓу претседателот Мицкоски и претседателот на ДУИ, Ахмети која се одржа во Собранието и траеше околу еден час, а се разговараше за повеќе теми и не би сакал да навлегувам во детали да не наштетиме на процесите. Доколку и како ќе се развива ситуацијата натаму ќе бидете благовремено известени од наша страна исто како што бевте транстарентно известени и минатиот пат. Инаку во однос на комуницирање со партиите ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период на пријателски начин тоа го прави со сите политички партии во Република Македонија“, изјави Арсовски.

На прашањето дали вчерашната средба на секретарите на СДСМ и на ДУИ Љупчо Николовски и Артан Груби, ги поткопува плановите на ВМРО-ДПМНЕ за евентуална коалиција со ДУИ, Арсовски одовори дека имало начелна договорена лага дека тие две партии договориле Влада и повторно побара СДСМ да кажат кое е парламентарното мнозинство што го направиле.

„Па да, мислам дека таа начелна, договорена лага траеше неколку часа, бидејќи веднаш потоа СДСМ сами се демантираа дека договориле Влада со ДУИ. Па затоа, еве уште еднаш би искористил прилика и јавно да повикам, и воедно да апелирам и до вас медиумите да ги прашате СДСМ, бидејќи три дена веќе велат дека имаат мнозинство, па сами се демантираат, да излезат јавно и да кажат кои се политичките партии со кои што коалицираат, кое е парламентарното мнозинство составено и да бидат транспарентни пред граѓаните. Во моментов стана пишманска партија, таканаречена СДСМ пишманска. Како што гледаме, коалициите им траат по неколку часа откако ќе ги обзнанат. Така што, еве апелирам уште еднаш да ги објават партиите и пратениците кои што ќе партиципираат во новото парламентарно мнозинство. Во спротивно, сето ова можеме да го наречеме еден вид манипулирање од страна на СДСМ кон граѓаните, бидејќи, како што реков, се крајно нетранспарентни“, изјави Арсовски.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе