Прес-конференција

Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира поскапувањето на горивата за 4,13 денари

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на секој можен демократски начин и со секоја алатка која што ја има на располагање ќе се обиде и ќе го блокира покачувањето на цената во износ од 4.13 денари за литар гориво, рече портпаролот на партијата Димче Арсовски. Тој рече дека 4.13 денари изнесува најновото покачување по литар гориво, а од доаѓањето на власт на СДСМ и Заев до сега, како што нагласи, покачувањето за литар гориво е цели 14 денари.

„Цели 14 денари по литар се давачките кои се арач на државата што го зема Заев и потоа тие пари преку криминални тендери завршуваат во џебовите на СДСМ и на функционерите околу Заев, но и на самиот Зоран Заев. На просечно семејство за еден автомобил, во изминативе четири години за 600 денари во просек месечно му се зголемиле давачките“, рече Арсовсвки.

Според ВМРО-ДПМНЕ, над 50 милиони евра годишно власта на СДСМ ќе земе од граѓаните преку покачувањето на горивата, пари, кои според портпаролот, ќе завршат во џебовите на СДСМ преку криминални тендери.

„Додека граѓаните ги ограбува оваа власт, СДСМ и Заев ја задолжија државата и граѓаните за над 7 милијарди евра, од кои 2.4 милијарди евра е нов долг, само во време на СДСМ и Заев изминативе 4 години“, рече Асовски.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе