ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: Владата прогласи штедење, но за Агенцијата за храна гради зграда од 8 милиони евра

„Антикризните мерки на оваа Влада се само на хартија. Ковачевски се фалеше дека забранил да се купува мебел откако сите министерства купија луксузни софи и фотелји, а денес гледаме дека непродуктивните трошоци се бројат во милиони евра. Агенцијата за храна и ветеринарство објави тендер за изградба на нова зграда од 8.3 милиони евра и отпочнува со изградба уште веднаш, a плаќањето ќе оди тековно согласно сработеното, односно согласно времените ситуации“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Според Арсовски, иако можеби е потребна нова зграда за вработените, сепак, како што нагласи, во време на криза и кога се најавува штедење од страна на самата Влада, не е неопходно сега веднаш да се отпочне со градење и трошење на толкава сума на пари.

„Дополнително, дали цената е реална од 8.3 милиони евра за околу 2.600 квадрати површина или не е реална, и дали соодвествува со она кое што ќе биде изградено, тоа е друга приказна и друга тема која што треба дополнително да се разговара. Но, овие 8.3 милиони евра во овој момент можеле да се искористат за многу други потребни работи за граѓаните, со цел да им се помогне да ја пребродат оваа криза", рече Арсовски.

Тој нагласи дека Владата во изминативе месеци веќе имала потрошено 2 милиони евра на луксуз и на непродуктивни трошоци иако знаела дека ќе има сериозна економска криза.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе