Реакција

Арсовски: Уште од обелоденувањето на аферата „Рекет“ јавноста знаеше за вмешаноста на Фрики

Истрагата наместо да се фокусира на обезбедување на докази за инволвираноста на главата на октоподот, Русковска обвинителството шест месеци работи во насока на уништување на трагите кои водат кон Зоран Заев, рече денес на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски по отворената нова истрага за случајот „Рекет".

„Уште од обелоденувањето на аферата „Рекет" целата домашна и меѓународна јавност знаеше за улогата на Фрики во случајот „Рекет". За жал не видовме конкретна мерка од страна на органите на прогонот со што уште повеќе се подгеаја сомнежите дека главна цел на делувањето на Русковска е подготвување на терен за спогодување со инволвираните. Очигледно е дека на тој начин ќе се влијае тие да не го посочат нивниот претпоставен, односно главата на октоподот Зоран Заев. Новото проширување на истрагата е задоцнето и наликува на пресметка на параполициските структури во рамки на СДСМ, упатените добро знаат што збориме. Веројатно проценката е дека со откажување на заштитата на Фросина Ременски , притисокот врз Заев би се намалил. Фросина Ременски целиот овој период беше оставена да врши надзор над безбедносните служби, а нејзиниот сопруг Јовче Ременски да учествува во селекцијата на кадри за новата Агенција за национална безбедност, иако сите ја знаеја нејзината улога во Рекет", вели Арсовски.

Тој на прес-конференцијата истакна дека Љубомир Јовевски бесрамно и очајнички тврдеше пред само 2 месеци дека нема вмешани политичари во случајот „Рекет", а денеска потврди дека биле вмешани и политичари и тоа од власта. Што рече порече. Класично обвинителство под контрола на Зоран Заев.

„Срамота е што се чекаше шест месеци за конечно некој од раководството и власта на СДСМ да биде осомничен за рекетирање. Ова што го гледаме не е правда. Ова што го гледаме е фарса и изигрување на правдата со само една цел, главата на октоподот Зоран Заев да се спаси од прогон заедно со уште неколку пиони од неговата партија", додаде Арсовски.

 

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе