ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: Судијката Мери Дика призна дека учествувала во „перење на пари“ со Боки 13

Луј Витон правосудството на Заев и СДСМ го урниса целиот правосуден систем во Република Македонија. Судијката од Aпелацискиот суд Мери Дика, инаку кума на првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, јавно призна дека е вклучена во перење пари во корелација со Бојан Јовановски, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Судијката Мери Дика призна дека дозволила нејзините податоци да бидат користени за да се изврши поврат на данок за се што пазарел Бојан Јовановски и неговото семејство во Милано, Италија. Имајќи го предвид луксузниот стил на Бојан Јовановски кој се мери во илјадници, но и во стотици илјади евра, не се сомневаме дека тоа биле огромни суми на пари кои Мери Дика ги извадила користејќи ги нејзините лични податоци и истите му ги предала на Бојан Јовановски Боки 13 и со тоа автоматски извршила дело „перење пари“.

Прашањето е дали тие стекнати пари откако ги извадила, откако му ги дала на Бојан Јовановски, била свесна и знаела од каде се снабдени, имајќи предвид дека Бојан Јовановски нема свои сметки, односно, нема сметки со легално легнати пари? Со секое ново сведочење во „Рекет“ излегуваат на површина сите постапки на инволвираните во истиот случај.

На Кацарска и се заканува затвор до 11 години заради влијание врз друг судија и уште веднаш треба да се суспендира од страна на Иван Џолев. Според сведочења Русковска била вмешана во криминал од 4 милиони евра. Денес гледаме дека Мери Дика „перела пари“ за Бојан Јовановски.

Дали можеби парите трошени во Милано, за кои биле користени личните податоци на судијката Мери Дика, се пари стекнати од рекетирање.

Кацарска судството и Русковска обвинителството е реалноста на правосудниот систем во Република Македонија. Затоа ни е потребен закон кој нема да дозволи штитење на криминалот“, рече Арсовски.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе