ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: Србија вели дека сме примиле некои вакцини, а Заев и Филипче илегално вакцинирале

Од Србија дознаваме дека најверојатно и сме добиле некоја бројка на одредени вакцини за вакцинација, но заради немањето план, протокол, регистрација и увозот на вакцини, во Македонија Зоран Заев и Венко Филипче поделиле и вакцинирале илегално одредени луѓе, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и Филипе треба да им објаснат на граѓаните што значи тоа илегално носење на вакцини, веднаш да излезат членовите на Комисијата за заразни болести и да кажат дали и колку се безбедни овие вакцини и најважното, Јавното обвинителство треба да истражи дали некој од ова профитира?

Никој во Република Македонија не знае дали и колку вакцини се стигнати во државава и кој се ги добил и колку платиле луѓето за вакцинирање преку ред и со врски тие што ги добиле? Факт е дека вакцини за населението нема и не се знае кога ќе има. Но, уште поголем факт е што Владата и Министерството за здравство не се подготвени за вакцинација на граѓаните дури и уште денес да пристигнат вакцините.

Иако Венко Филипче дрско ја лажеше целата држава дека сме оценети како една од  најспремните држави за складирање, примање и увоз на вакцини, на крајот испадна дека немаме ниту фрижидери за да ги чуваме вакцините доколку ги добиеме.

Неспособноста на Владата е толку голема што не знаеме ни по кој редослед ќе се вакцинира, а се уште немаме регистрирано ни вакцина. Жалосно е што дознаваме од премиери на странски држави дека Зоран Заев и Венко Филипче вакцинирале илегално во Република Македонија, односно вакцинирале дали преку врски или за пари.

Ова е скандал од невидени размери и поигрување со здравјето на сите болни, хронични, пензионери и ризични категории на граѓани. Нечовечноста на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев излезе на површина“, изјави Арсовски.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе