Арсовски: Со Бугарија за идентитетот и јазикот не се разговара

Нема промена на нашите позиции во преговорите со Бугарија, за македонскиот идентитет, народ и јазик не се разговара и нема да се преговара, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски и апелираше да не се влегува во круг на навреди и обвинувања и говор на омраза кои нема да донесат добро за никого, најмалку за македонскиот и за бугарскиот народ.

„Во завршна фаза е усогласувањето на еден единствен акциски план со Република Бугарија. Владата цело време е силно мотивирана низ дијалог да се најдат заеднички точки за отворените прашања. Експертските тимови од министерствата за надворешни работи се во постојана комуникација, а министерот Османи најави нов пристап растоварен од емоции. Тоа на некој начин е дополнителен поттик на процесот“, рече Арсовски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека нема што да додаде во таа насока, бидејќи како што рече, министерот Османи вчера добро го објаснил тоа, и потенцира дека на одредени точки работата од акцискиот план може веднаш да започне.

„Такви точки се инфраструктурата, спортот, образованието, информатичкото општество, туризмот, други обврски кои се на двете страни, сѐ со цел да се јакне пријателството помеѓу двете држави. Во духот на конструктивноста потенцираме дека Владата секогаш комуницира со внимателен и достоинствен дипломатски наратив со апел да негуваме говор и комуникација што ги приближуваат разликите“, рече Арсовски.

Според него, секој јавен настап, без разлика од која страна доаѓа, треба да биде во функција на создавање пријателски амбиент во кој полесно се доаѓа до решенија.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе