ВМРО-ДПМНЕ

Aрсовски: Се стега обрачот околу Заев, истрагата за „Рекет“ мора да стигне до главата на октоподот

Катица Јанева и Зоран Заев се едно исто. Сведоци сме како јавноста го затега обрачот околу Зоран Заев, а тој во очај ги пушта низ вода сите околу него само за да си ја спаси сопствената кожа. Пипците на Зоран Заев во судството и обвинителството се обидуваат да ја одложат, развлечат и забошотат истрагата за случајот „Рекет" каде што и врапчињата знаат дека овие што сега се во притвор се само пиуните. Сите знаат дека главните играчи, нарачатели и рекетари се наоѓаат во врвот на Владата и во врвот на СДСМ, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нарачателите на Катица Јанева, Боки 13 и останатите не смеат да бидат амнестирани од одговорност за овој милионски „Рекет“. Обрачот околу Зоран Заев се затега. Џабе им е одлагањето на експедитивна истрага цели четири месеци. Џабе им е што ја оставија Катица Јанева четири месеци да брише траги и докази, да форматира компјутери во СЈО, да влијае врз сведоци.

Истрагата се води многу штуро, летаргично и со огромна доза на непрофесионалност. Зошто сеуште не е викнат на распит синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, кој има една од клучните улоги во комуникацијата со бизнисмените во телевизијата на Бојан 13? Зошто сѐ уште синот на Катица Јанева е на слобода, ако знаеме дека тој му беше десна рака на Боки 13 во телевизијата преку која бизнисмени склучувале договори наводно да се рекламираат на истата телевизија, а тој бил задолжен за делот на маркетинг?

До каде е истрагата за Кики и Фрики? Дали е вистина дека тие ги имале едни од клучните улоги во функционирањето на Меѓународниот сојуз, а биле поддржани и со амин на Зоран Заев? До каде е истрагата на УЈП и на финансовата полиција кои требаше од вчера да почнат со истрага и зошто истите доцнеа цели 4 месеци со почеток на истрагата? Кои луѓе од СЈО се инволвирани во случајот „Рекет“, зошто овие информации сѐ уште се кријат?

Зоран Заев и СДСМ нема да успеат да го прикријат случајот „Рекет“ и да го затворат по свое сценарио кое само нив им одговара“, рече Димче Арсовски, порпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе