ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: СДСМ крие колку пари потрошиле за билборди

Од извештајот доставен до Државниот завод за ревизија од страна на СДСМ и коалицијата „Можеме“ се гледа дека се кријат одредени ставки каде ги трошеле парите наменети за кампања и за одредени спецификации, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од извештајот може да се види дека е најнетранспарентен и технички празен, без наведени ставки колкави суми имаат потрошено СДСМ за одредени спецификации кои што јасно се наведени во извештајот и кој што е практика јавно и транспарентно да се објават од политичките партии каде ги трошеле сумите.

Зошто СДСМ крие колку пари потрошиле на рекламни паноа и билборди, бидејќи истите се јавно обзнанени уште на ждребањето во Државната изборна комисија каде што се беше транспарентно кој дел за која политичка партија припаѓа, односно кој пакет?

ДИК ги има информациите која партија колку локации закупила, но СДСМ не сака воопшто да биде транспарентна пред јавноста и медиумите и да ги објави сите суми, односно колку пари има потрошено за рекламни паноа и билборди. Тоа е податок што треба да биде наведен во извештајот доставен до СДСМ и коалицијата „Можеме“ до Државниот завод за ревизија.

СДСМ на овие избори имаше закупено стотици рекламни паноа, а немаат пријавено ниту еден закупен билборд во извештајот доставен од нивна страна до ДЗР.

Додека говореа за транспарентност изминативе 3 години, СДСМ всушност станаа најнетранспарентната партија во Република Македонија. Ваквиот начин на работа на СДСМ само ги искажува намерите да се однесуваат диктаторски и нетранспарентно, нешто што е многу својствено за оваа Влада на СДСМ изминативе 3 години, која се обидуваше секоја една работа која што е поврзана со скандал или афера со нив да ја сокрие“, изјави Арсовски.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе