ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: СДСМ и ДУИ се договориле со пописот да го наштелуваат албанското население на 32%

Пописот што го подготвува СДСМ и ДУИ ќе биде попис единствено на две партии, а не попис на сите граѓани и Република Македонија како статистичка операција. Овој попис кој го турка СДСМ е политички попис, а не статистички како што треба да биде и како што е секаде во светот и во развиените земји, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

„За жал, ова брутално силување на оваа статистичка операција – попис, е единствено затоа што Заев има веќе договорени бројки на тоа колку жители има Република Македонија од одредени етнички заедници. Ова е цена на коалицискиот договор помеѓу Заев, СДСМ и ДУИ, кој мора да го исполни СДСМ.

Заев, СДСМ, Али Ахмети и ДУИ веќе имаат договорено и ги знаат резултатите и бројките што треба да ги даде резултатот од пописот. Попишувањето на население само со издиктиран матичен број на одреден човек е услов поставен затоа што Заев има ветено дека бројката на Албанци во Република Македонија според пописот ќе биде над 32% од населението.

Затоа, веќе пописот не е статистика, туку е гола политика и затоа ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на овој закон и носење нов со консензус кој ќе биде од корист на Република Македонија и граѓаните, а не на одредени политички партии, конкретно парламентарното мнозинство.

Доколку го изгласа на сила СДСМ, ние ќе собираме потписи од граѓаните за да го поништиме овој закон и да донесеме сите заедно нов закон“, изјави Арсовски.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе