Aрсовски: Разрешувањето на претседателите на општинските организации во СДСМ, беше само еден обичен театар

„Зоран Заев си обезбеди партиска поддршка за криминалот, корупцијата и ограбувањето на целата држава. Зоран Заев нетранспарентно и на крајно недемократски начин си постави послушници кои ќе треба да му помогнат да ја задржи својата позиција откако ќе биде поразен на претстојните парламентарни избори кои што се неизбежни“, изјави денес потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Зоран Заев и СДСМ немаат никаква намера да метат ниту во партијата ниту пак во Владата. Како и што претходно рековме на нашите прес конференции и излагања, разрешувањето на партиските органи во СДСМ и разрешувањето на претседателите на општинските организации е само еден обичен театар за да се изманипулираат граѓаните и јавноста и да мислат дека можеби и нешто се менува во партијата и во владата. Фактот и реалната состојба во СДСМ се други. Новоназначените 30 претседатели на општински организации во СДСМ се само дел од театарот на Зоран Заев и на партијата.

Од 30-те новоназначени претседатели вчера, дури половина беа истите стари кои беа разрешени. 15 функционери во СДСМ што ги назначи вчера Зоран Заев лично на своја волја се истите тие што беа и претходно претседатели и што претходно не мрднаа со прст за да сработат за граѓаните на било каков начин во нивните можности. Ова покажува дека Зоран Заев нема намера да прави метла ниту во партијата, ниту пак во Владата. Зоран Заев ова го направи свесно за си ја зацврсти својата позиција во партијата после лошиот резултат на последните претседателски избори и на оние претстојни парламентарни кои што следат. Заев ги остави понатака да владеат во партијата само оние кои што му се лојални и блиски, а сите останати кои му беа можна закана ги тргна од функциите“, истакна Арсовски.

 

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе