ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: Поднесовме претставка до ДКСК за тендерите на Бригада дизајн, фирма на советникот од СДСМ во Град Скопје

До Државната комисија за спречување на корупцијата поднесовме претставка за фирмата Бригада дизајн ДООЕЛ Скопје, чиј директор и еден од сопствениците е Бојан Ивановиќ, советник од редовите на СДСМ во Град Скопје. Фирмата на Ивановиќ добила тендери од Фондот за иновации и од Регулаторната комисија за енергетика во висина од над 10 милиони денари. Јасно е каде е сомневањето, за тоа говриме веќе неколку денови, а од СДСМ и од власта има единствено молк, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Првите лица на институциите од каде ги земал тендерите се негови партиски другари, односно сопартијци од СДСМ. И директорите на Фондот за иновации, но и Марко Бислимовски, кој е претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Имаме и признание од актуелниот директор на Фондот за иновации Коста Петров дека практично не ги користи услугите на агенциите кои земале тендер во Фондот за иновации за маркетинг услуги, ами работи со сопствена продукција, што уште еднаш покажува дека фирмата на советникот од редовите на СДСМ никој не знае што сработила во Фондот за иновации од каде во изминатите години земала неколку поединечни тендери во висина од над 1 милион денари, а последниот тендер е од 11,8 милиони денари.

Дополнително, бараме ДКСК да се разбуди од зимскиот сон и да почне да работи, да не чека дозвола ниту од Љупчо Николовски, ниту од Зоран Заев. Треба да отворат случај и да ги истражат овие сомнителни тендери за кои што говориме.

Во спротивно, уште еднаш антикорупционерите ќе покажат и докажат дека се само партиски привезоци на СДСМ и на власта и соучесници во криминалот на власта додека истата оваа власт предводена од СДСМ им ги крадат парите на граѓаните.

Одговорност мора да има, а доколку антикорупционерите и понатаму спијат, одговорност ќе сносат и тие“, изјави Арсовски.

 

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе