Арсовски бара од обвинителката Вилма Русковска и Љубомир Јовески да ја прошират истрагата за „Рекет“

Зоран Заев брза да донесе Закон за јавно обвинителство за да не може скандалозните аудио бомби да се користат против него на суд, тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Според Арсовски, во Собранието се слушнал гласот на Заев како јасно и гласно кажува дека знаел за матните зделки на Боки 13.

„Заев знаел за изнудата на милиони од бизнисмени со кои се финансирала неговата телевизија, за криминалот со Меѓународниот Сојуз, но и за скандалозната изјава дека тој и функционери на СДСМ му помагале во обезбедување на пари за наводно рекламирање, далеку пред да се обзнани аферата рекет", рече Арсовски.

Арсовски побара од обвинителката Вилма Русковска и Љубомир Јовески да ја прошират истрагата за милионскиот рекет.

„Веќе се наѕира главата на криминалниот октопод, и сите веќе знаат дека таа се наоѓа на Илинденска ББ. Заев не само што знаел за криминалот, туку има сериозни индиции дека и свесно го помагал, а јавното обвинителство се уште молчи. Затоа се вели еднаш пазарџија-секогаш пазарџија, без разлика дали се работи за пиперки, бостан и патлиџани, или краставици или право, правда и национални интереси. Пазарџијата Заев сега распродава се за некој ситен бенефит плус, пред да му се затвори тезгата и да одговара кривично", рече Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека на 12 април ќе следи одговорот и казната.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе