Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: Оваа влада е најнедомаќинската, потроши 2,5 милиони евра за автомобили и луксуз

Владата предводена од коалицијата СДСМ – ДУИ е најнедомаќинската Влада досега, а која покрај лошото тековно работење, за време на ковид - кризата, како и потоа во економската криза, потроши милиони и милиони евра, пари на граѓаните за свој луксуз и луксузирање, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, особено потенцирајќи дека во ек на ковид и економската криза Владата потрошила над 2.5 милиони евра за автомобили.

Арсовски рече дека половина од тие автомобили биле луксузни, со цени над 30.000 евра, недостижни автомобили за просечниот граѓанин и тоа, како што нагласи, за два свои животи.

Тој нагласи дека во тој период македонската економија тонеше, компании се затвораа зашто немаа помош и поддршка од државата, од работа беа отпуштени голем број граѓани кои не добиле помош од државата.

„Срамота е Владата да говори дека е домаќинска, а да менува автомобили на секоја година и тоа коли, луксузни лимузини кои што вредат над 30.000 евра по автомобил. Ова е најнедомаќинската Влада која што воопшто функционирала“, рече Арсовски.

Тој нагласи дека десетици илјади евра биле потрошени на услуги за перење на автомобили, што според него значи дека им е удобно да седат во луксузните автомобили и секој ден да ги перат, но како што додаде, не им е удобно да им помогнат на граѓаните кои живеат во тешки услови.

Арсовски наброја трошоци на Владата за телефонски услуги, за нови автомобили, за подароци, кафиња, цвеќиња, канцелариски луксузен мебел...

„Ова е најрасипничката Влада која што воопшто раководела со Република Македонија. Секогаш да знаете дека кога велат дека им помагаат на граѓаните и на стопанството, да знаете дека лажат и дека единствено што направиле е само да трошат пари на граѓаните за свој сопствен луксуз и луксуз на функционерите од СДСМ и ДУИ“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе