За извештајот на Репортери без граници

Арсовски: Новинарските слободи далеку подобри во споредба со владата на ВМРО-ДПМНЕ

Најважен индикатор во Извештајот на Репортери без граници е што оваа Влаата од 2017 до денес покажував позитивен тренд, што не беше случај со претходната влада, и тоа треба да биде показател дека состојбата со медимите постојано се подобрува. Иако охрабрува Извештајот, во документот се посочуваат и примери на притисоци врз новинари и медиуми, а тоа владата сериозно го зема предвид, изјави портпаролот на Владата Душко Арсовски.

„Владата целосно ќе се насочи да нема повеќе случаи на притисоци врз медиуми и новинарите. Оваа Влада реагираше во случаи кога неколкумина претставници на институции од извршната власт имаа непримерна комуникации со новинарите и за нивните постапки беа преземени соодветни мерки. Дел од нив беа отповикани од вршењето на функциите. За мал дел од случаите беше побарана постапка пред МВР, како во случајот со заканувачот врз две новинарки. Затоа апелираме, секој случај да биде пријавен во полиција, зашто тоа е најефикасниот начин за разрешница, а секако еднаква одговорност за вкупните состојби влијае и однесувањето и на политички партии и на другите чинители во општеството, па апелу упатуваме и до нив. Го охраабруваме обвинителството и судството побрзо да ги процесуираат ваквите случаи“, изјави на прес-конференција Душко Арсовски, порпарол на Владата.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе