Арсовски: Нефи Усеини гради уште една дивоградба на брегот на Охридското езеро

Претходно слушнавме за еден градоначалник од Скопје на СДСМ којшто тепа свои сограѓани, денеска ќе слушнеме за еден градоначалник којшто единствено што работи е што дозволува да се градат дивоградби низ целиот Охрид, изјави денес Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Урбаната мафија со поддршка на СДСМ во Охрид никако не запира. Нема намера да запре ни од страна на СДСМ, ниту пак да биде запрена од страна на градоначалникот. Иако Охрид е под сериозна закана да ја загуби титулата од УНЕСКО и да биде тргнат од листата за заштита на културно природно наследство, сепак СДСМ мува не ги лази и немаат намера да ги стопираат дивоградбите којшто никнуваат како печурки низ целиот град. Овој пат, дивоградба на брегот на Охридското езеро на стариот пат помеѓу Охрид и Струга на нелегален начин, блиску до езерото до самиот брег, со месеци наназад гради бетонска база  советникот кој е дел од коалицијата на власт во Охрид, Нефи Усеини, советник за кој се зборуваше дека пред некој извесен период на седница на Советот физички нападна друг советник затоашто не гласал по негово убедување. За оваа дивоградба од бетонска база, Константин Горѓиевски градоначалникот на Охрид знае, но сеуште нема  преземено ништо, како и за секоја друга дивоградба којашто никна во Охрид, вели Арсовски.

Арсовски истакнува дека станува збор за класична дивоградба без ниту една дозвола за градење.

„Оваа дивоградба не поседува ниту една дозвола и треба веднаш да биде срушена од страна на општината и градоначалник. Но, од општината молчат и ден денес бидејќи тоа е дел од предизборната коалиција на Константин Ѓорѓиевски од СДСМ и советникот кој пола Охрид го изгради нелегално со диво градби.  Да потсетиме дека овој ист советник, Нефи Усеини има изградено и нелегален објект во старата чаршија до чинарот и сеуште не е преземено никаква мерка од страна на општината. Да потсетиме дека и минарето на нелегален начин беше изградено, за повторно општината, градоначалникот и Заев да ги лажат граѓаните и да не преземат ништо кое е во рамките на Законот за градење. Охрид е претворен во градилиште на дивоградби, и секој што ја има задолжено СДСМ со нешто пред изборите  гради каде ќе стигне, без притоа никој  да одговара. Заради личните интереси и политички пазари на СДСМ и Константин Ѓорѓиевски единствено трпат штета граѓаните на Охрид и самиот град кому му се заканува отстранување од листата на УНЕСКО“, вели Арсовски.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе