Реакција

Арсовски: Не одолговлекуваме, туку бараме неселективен закон за јавно обвинителство

Јас би го повикал Оливер Спасовски и сите во СДСМ да прекинат да ги штитат криминалите кои што претходниве 2-3 години се правени од страна на власта, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на повикот од премиерот Оливер Спасовски до пратениците, особено од опозицијата, да го донесат законот за јавно обвинителство.

„ВМРО-ДПМНЕ воопшто не одолговлекува и воопшто нема намера да го одолговлекува овој закон, доколку се донесе и се усогласи да биде во корист на граѓаните и да биде за нивен добробит. Она што изминативе месеци, па и година дена го гледаме од страна на СДСМ е закон каде што сака повторно, сега веќе последните месеци повторно да го воскреснат специјалното јавно обвинителство, односно повторно да можат да бидат штитени криминалците од СДСМ. Ние нема да дозволиме амнестија на криминалите на Зоран Заев и владата на СДСМ кои што се огрешиле пред законот и затоа бараме закон кој што ќе биде неселективен и пред кој што ќе можат да одговараат сите граѓани, а не за некој да биде привилегија, а за некој обратното”, рече Арсовски.

 

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе