Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: Марихуаната од Африка доказ дека фамилијата Заев прерасна во нарко - картел

Македонија стана мека и медина за трговците со канабис од светот, за што доказ е увозот на цвет од марихуана од Лесото во вредност од близу десет милиони евра и е потврда во што се претвори земјава под водството на СДСМ и Зоран Заев, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски коментирајќи ја веста дека од Африка се увезени 8,5 тони марихуана. Според него, излезе дека е полесно марихуаната да се увезе отколку да се произведе, што е потврда на предупредувањата дека беше направена хиперпродукција на дозволи за производство на таа дрога.

„Сите оние лиценци издавани од Владата и потпишувани лично од Зоран Заев, беа давани само поради тоа што беа платени кај пајташите на Заев за подоцна, кога според неговиот план би се донел законот за трговија со канабис, да можат да ги препродадат истите лиценци. За нивна жал, а за среќа на граѓаните, нема да дозволиме тој закон да се изгласа и да се донесе во Собранието“, рече портпаролот.

Тој нагласи дека пред само неколку месеци имаше случај на шверц на марихуана, „кога најблиските луѓе на Заев, Кире Чипсио, командир на полициската станица во Прилеп и возачот на Трајче Заев, беа уапсени од страна на американската ДЕА“.

Арсовски рече дека Заев претходно најавувал инвестиции од типот на Гугл, Фејсбук и на други големи светски компании, но дека на крајот се дојде до увоз на дрога наменета за бизнис, при што не се знае каде ќе заврши таа гоема количина дрога.

Според ВМРО-ДПМНЕ предложениот закон во Собранието треба да го брани министерот за здравство, како најблозок на фамилијата Заеви, со цел заштита на нивната криминална продажба и трговија со марихуана, како сопственици на лиценци за одгледување на канабис.

„Заев ја направи Република Македонија тврдина за бизнисот со дрога кој е директно раководен од фамилијата Заеви, која прерасна во нарко картел“, рече портпаролот Арсовски.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе