„55.000 граѓани останаа без работа, стопанството и приватните компании не можат на ред да стигнат до државна помош од фирмите блиски до СДСМ и на функционерите на СДСМ, но затоа Коста Петров како втор човек после Заев, се луксузира и си снима спотчиња и интервјуа за 200.000 евра, пари кои што се на граѓаните.
Дали Коста Петров со овие 200.000 евра има намера да ги преплати овие две агенции и тие подоцна да работат партиски агенди или веќе работеле за СДСМ, а не знаеме, или дали има намера преку овие две агенции да врши масовен поткуп со реклами на медиуми, што е забрането законски и казниво со закон.
Чисто за споредба, со нешто повеќе од 200.000 евра се снима и режира нискобуџетен филм“, изјави Арсовски на прес-конференција.
Тој побара одговорност за Петров и ги повика институциите да го истражат случајот.