ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: Кај е Јанева, зошто бизнисмени подарувале скапи автомобили на Заеви...

Случајот „Рекет“е една од најголемите афери и случаеви на Владата на СДСМ каде што се вмешани директно СДСМ и нивни луѓе иако од петни жили се обидуваат да го негираат истото. Од ден во ден овој случај добива се поголеми размери целиот скандал, а Заев и СДСМ молчат и се обидуваат да се исперат од целиот криминал во кој се вмешани во овој случај наречен „Рекет“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и СДСМ да одговорат на следните прашања кои или ги избегнуваат или се обидуваат да ги замолчат новинарите на прес конференциите на Заев да не ги постават.

Медиумите веќе пишуваат, а СДСМ уште веднаш да одговори – како е можно луксузни автомобили да завршиле во семејството кај Зоран Заев, односно кај неговиот братучед Трајче Заев? Потенцирам луксузни автомобили кои што биле во сопственост на рекетираните бизнисмени. Истите коли може да се видат како ги возат роднини на Зоран Заев низ Скопје или низ Струмица.

Зошто најпрвин поднесе оставка Катица Јанева, за потоа после 2 дена да отвори боледување?

Кој е докторот и зошто и отворил боледување на Катица Јанева, која како што знаеме два дена претходно поднесе оставка? Доколку е фиктивно и во насока да ја заштити Катица Јанева, докторот кој го отворил боледувањето треба да е свесен дека ќе одговара за таа постапка.

Зошто не се расчистат сомнежите каде се крие Катица Јанева и дали е во или надвор од Република Македонија?

Зошто Катица Јанева и нејзиниот син Лазар Јанев сѐ уште не се повикани на распит во ЈО? Сомнежите кажуваат дека токму синот на Катица Јанева, Лазар Јанев одел со Боки 13 на состаноци со рекетираните бизнисмени и заедно со него уценувал.

Молкот на овие прашања потврдува дека СДСМ и раководството на СДСМ стои директно позади целиот овој криминал и ја штити Катица Јанева од целиот криминал. Залудни им се сите потпишани и изгласани декларации за гонење на криминал и корупција каде што луѓето кои се вклучени во рекетот ги гласаат истите декларации. Тоа само покажува колку лудилото во СДСМ ја достигнало бесконечноста. Ова е октопод на кој треба да му се скине главата, а не пипците за потоа пак да му пораснат и повторно да гледаме по улиците како се рекетираат луѓе бизнисмени, политичари како се уценуваат. Што побрзо се скине главата на октоподот, односно Заев падне од власт, толку побрзо државата ќе тргне напред“, изјави Арсовски.

Со предлогот на Владата нов јавен обвинител да биде Вилма Русковска, Зоран Заев уште еднаш само ја потврди спрегата помеѓу СДСМ, него и Русковска обвнителството, односно уште еднаш потврди дека неговиот предлог за нов обвинител, наместо Катица Јанева е негов личен избор, рече Арсовски.

На прашањето за можна коалиција со Беса за наредните избори, Арсовски одговори дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се сретне и со лидерите на другите албански партии сѐ со цел за обединување и да се порази ова зло кое во моментот ѝ се случува на Република Македонија.

Портпаролот на ВМРО-ДПММЕ повтори дека очекуваат одржување на предвремени парламентарни избори веќе на пролет 2020 година, а пописот да се одржи на почетокот на една декада, а тоа е дури 2021 година, согласно препораките на ЕУРОСТАТ. 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе