ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: Jaнева е уапсена 40 дена по „Рекет“, таа е само една алка од синџирот

Денеска и официјално завршува обвинителската и политичката кариера на првиот соработник на Зоран Заев, тоа е Катица Јанева. Завршува обвинителската кариера на Јанева за која премиерот Заев тврдеше дека е човек со кредибилитет позади кој самиот тој Зоран Заев седи и ја поддржува. Неговата одлука беше Катица Јанева да биде и унапредена во државен јавен обвинител, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Приведувањето на Катица Јанева е чекор кој требаше да се случи уште првиот ден кога излезе скандалот „Рекет“. Овој временски простор кој го имаше од излегувањето на скандалот „Рекет“ до денес поминаа повеќе од 40 дена, и тоа е простор во кој Катица Јанева имаше време да брише докази, да крие докази, да влијае врз сведоци, и да работи се останато во нејзина корист. Според она што до сега беше видено, Јанева е само една алка од синџирот на организиран криминал и корупција кој што во моментов го гледаме во Република Македонија преку случајот „Рекет“.

Скандалозно, па дури и смешно е тврдењето на Јавното обвинителство дека двајцата осомничени барале 8 милиони евра, а Катица Јанева која ја завршила практично главната работа за која што биле барани парите, земала само предмети во вредност од 4.500 евра. Скандалозно, смешно и потценувачки за интелегенцијата на граѓаните кои и што самите видоа како што се одвиваше целиот случај на рекетирање.

Сѐ додека не се стигне до главните инсипиратори и нарачатели, да се дознае улогата на политичарите, на Кики, на Фрики, и на Шеки, на главата на октподот Зоки Поки, нема да има правда во Република Македонија.

Уште од почеток предупредувавме доколку Зоран Заев процени дека тој е самиот загрозен ќе се откаже од сите свои луѓе само за да се спаси себе си и својата кожа.

Апсењето на Катица Јанева не смее да се претвори во акција за спас на кариерата на Зоран Заев кој е целосно компромитиран и разнишан. Затоа потребно е да се знае која била улогата на Кики, која била улогата на Фрики, која била улогата на сите оние кои што потпишуваа меморандуми и беа блиски соработници на „Меѓународен сојуз“, која е хуманитарна фондација на еден од осомничените, точно да се знае одговорноста на главата на криминалниот октопод.

Што знае Заев за овој случај и да се утврди каде се парите земени од рекетот? Дали во оваа афера се вмешани и други обвинители кои се дел од урнисаното СЈО кое нанесува неправда, наместо да донесе правда во Република Македонија, за што и беше формирано.

Воедно Катица Јанева нанесе срам освен на кредибилитетот на обвинителиот систем, туку нанесе срам и на самата правда во Република Македонија, ги изневери сите оние луѓе кои веруваа дека оваа власт ќе донесе правда“, рече Арсовски.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе