ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: Јанева е пуштена по налог на Заев само за да не „пропее” за вмешаноста на власта во „Рекет”

Шест месеци сме сведоци на правосудна фарса што ни се случува во делот околу случајот Рекет. Шест месеци пред очите на јавноста се случува класична лакрдија, се со една цел, а тоа е да се заштити криминалот на власта и на СДСМ, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Катица Јанева беше пуштена од притвор со најсмешните образложенија во одлуката на Кацарска судството. Во одлуката велат дека Катица Јанева е невработена и без имот.

Зошто сето ова е небулозно? Катица Јанева има куќа во Гевгелија од 371 метар квадратен, нејзиниот син има стан во Скопје и нејзината ќерка има стан во Скопје, со големина од 72 и 68 метри квадратни. Значи Катица Јанева очигледно има имот, а ја носат во домашен притвор кај нејзиниот син, кој исто така има кривична пријава за случајот со рекетирање и очигледно е дека може да си влијаат еден на друг.

Она што исто така е смешно е дека Катица Јанева ја рангираат како самохрана мајка, Катица Јанева всушност е мајка на две полнолетни деца. Исто така смешно и сулудо е да велиш дека Катица Јанева е  невработена, односно без приходи, а да ја товариш со дело со кое стекнала противправна финансиска вредност, каде што најверојатно се здобила со стотици илјади евра рекетирани и притоа парите да не се пронајдени, што значи дека се уште се кај нејзе или таа знае каде се.

Воедно, Катица Јанева за 4 години има заработени над 260.000 евра регуларни од СЈО, од кои само 157.000 евра како додаток за доверливост од СЈО, односно да не го изнесува јавно она што го слушнала во бомбите.

Оттука очигледно е дека Катица Јанева е пуштена по налог на Зоран Заев само за да не пропее за вмешаноста на политичкиот врв на СДСМ и власта во случајот Рекет. Сето она што го имаше кажано апелација пропаѓа во вода”, изјави Арсовски. 

Според него, Јавното обвинителство, Вилма Русковска и Љубомир Јовевски, поттрчкото на Зоран Заев, глумат театар за јавноста и пред јавноста дека се револтирани од одлуката и притоа „Вилма Русковска се заканува со смс пораки до судиите за да одглуми браник на правдата и жртва, а таа целиот овој период ја водеше истрагата во корист на Катица Јанева и Заев”.

 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе