ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: Имаме сериозни сомневања за сторен криминал при набавка на пасоши и лични документи

Има сериозни индиции за криминал од страна на власта во заминување во МВР преку набавката за пасоши и лични документи. Се работи за сомневање за криминал во висина од околу 20 милиони евра и корупција во проценета вредност од над 12,5 милиони евра. За целата постапка има сомневање за незаконска постапка за јавна набавка, подложна на кривична одговорност согласно Кривичниот законик на Република Македонија, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ си склучиле договор со фирмата „Веридос“ за набавка на пасоши и лични документи во периодот од 1 јануари 2020 до 31 декември 2021, во вредност од 20 милиони евра, поточно околу 19,6 милиони евра. Каде е тука сомнежот за криминал?

Согласно планот за набавка на пасоши и документи за лична идентификација во МВР во текот на 2019 година предвидени биле средства во висина од околу 7 милиони евра за истата јавна набавка, за веднаш потоа единствениот понудувач „Веридос“ да побара сума од околу 20 милиони евра или поточно 19.681.666 евра, сума која што веднаш е обезбедена од Владата на СДСМ во текот на постапката.

Целата постапка е сомнителна и незаконска во роковите околу јавната набавка. Договорот за рамковната спогодба во висина од 19.681.666 евра е склучена на 5 декември 2019 година, а одлуката за избор и извештајот за постапката за оваа јавна набавка се склучени и архивирани на 6 декември 2019, односно еден ден подоцна откако е склучена рамковната спогодба од страна на МВР со фирмата „Веридос“.

По логика на нештата, но и според законите и сите процедури во Република Македонија, најпрвин треба да се донесе одлука за избор, па потоа да се потпишуваат договори и рамковни спогодби за висина на сума, но очигледно на СДСМ им се брзало првин да го договорат финансискиот дел, па потоа законските процедури да ги запазат, односно да не ги запазат.

Дали институциите и Јавното обвинителство ја следеле оваа постапка и дали после ова јавно обелоденување ќе отворат постапка во Јавното обвинителство и да испитаат дали има сериозни индиции односно дали има криминал?

Дали конечно јавното обвинителство ќе се разбуди, ќе се охрабри и ќе поведе постапка за овој случај каде што пред очите на целата јавност се случува криминал во милионска сума?

Времето на СДСМ и на Зоран Заев помина. Сега доаѓа време кога треба да се носи одговорност за се што е направено. Доколку тоа не се случи сега до 12-ти април, ќе се случи по 12-ти април“, изјави Арсовски.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе