- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 55НОВИ / 24h
- 1 од 10
- следно ›
- Контакт
ВМРО-ДПМНЕ
Арсовски: И Рубинчо Заревски доби пари од ФИТР – 2,7 милиони денари

„Дали Фондот за иновации дал пари 2,7 милиони денари за проект на поранешниот директор на Фондот за здравство и на Телеком од СДСМ, Рубинчо Заревски? Овој човек беше директор во времето на СДСМ и во владата на Владо Бучковски.
Фондот за иновации работи полошо од кога било, ги троши парите недомаќински, полошо од кога било и од која било институција на СДСМ.
Најголем дел од проектите кои се поддржуваат, се проекти кои се залудно потрошени пари од страна на Фондот за иновации, пари на граѓаните.
Граѓаните сами коментираат и самите гледаат и воочуваат дека парите завршуваат кај блиски луѓе до СДСМ, а не кај вистинските иноватори кои не можат да добијат проект.
Се плаќаат милионски суми за рецепти за пица, никој не знае каква е успешноста на проектите и никој не води никаква ревизија како се потрошени парите и каде завршуваат.
Но, ревизија ќе има за секој еден проект откако ќе се смени власта.
Начинот на испумпување пари од Фондот за иновации кој го осмисли СДСМ мора еднаш за секогаш да прекине. Коста Петров мора да сфати дека не располага со негови домашни пари, туку со парите на граѓаните, тоа се државни пари и за тоа следи одговорност доколку лошо постапува.
Времето на делење пари по пријатели, познаници и партиски поддржувачи на СДСМ мора да заврши и конечно да се гледа вистинскиот квалитет“, изјави Арсовски.
Политика
Објавено на
05 Декември 2021 - 13:26