Арсовски: Димова доделила 54.000 евра на училиште во кое работат роднини на министерот Маричиќ и неговата сопруга

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ја повика Лидија Димова веднаш да си даде оставка од позицијата директор на Националната агенција, бидејќи, како што велат,  заглавена е во сомнеж за криминал до гуша.

„Денес, сакаме да поставиме неколку прашања во врска со проект кој е доделен на средно општинско училиште ‘Коле Нехтенин‘ од Штип, проект во вредност од над 54.000 евра, за едукација за туризам на Кипар.

Дали за овој проект кој што го споменав претходно во вредност од 54.000 евра, главен протеже да го добие ова училиште во Националната агенција била претседателката на Управниот одбор во истата агенција, Маринела Тушева, инаку сопруга на министерот за правда, Бојан Маричиќ? Бидејќи, прва братучетка на Маринела Тушева е Јулијана Саздова, наставничка вработена во средното општинско училиште ‘Коле Нехтенин‘ кое го добило проектот, додека пак нејзиниот татко, а вујко на Маринела Тушева е Нако Ташков, инаку член на училишниот одбор во училиштето.

Дали Маринела Тушева помогнала да го добие проектот училиштето во кое работи нејзината прва братучетка и нејзиниот вујко е член на училишниот одбор?

Дали има одлуки на наставнички совет, училишен одбор и Управен одбор за подготовка на апликацијата и реализација на истиот проект за кој се побарувани парите?

Дали поминала одлуката на гласање на некое од овие тела кои што ги споменав?

Потребно е да се направи план за посебна проектна сметка во буџетот на училиштето, преку која ќе се реализира овој проект, па така дали има таква сметка во училиштето?

Дали воопшто некој знае за овие средства дека влегле во училиштето?

Каде и на чии сметки завршиле овие пари, односно кој е финалниот извештај, и дали ќе може да биде објавен од страна на Националната агенција и училиштето за да се отстранат сите сомнежи?“, се прашањата кои ги постави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе