Локални избори

Арсовска: Водам пред Шилегов со 5.334 гласа, време е за промени во Скопје

Независната кандидатка Данела Арсовска за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, денес на прес-конференција соопшти дека според последните податоци од Државната изборна комисија, е во водство пред Петре Шилегов со околу 5.334 гласа и таа влегува во вториот круг. Таа вели дека не е политичар, ниту ќе биде политичар и дека ќе биде градоначалничка на сите граѓани подеднакво.

„Во Скопје е време за промени. Благодарам за поддршката и за сите кои го дадоа гласот за мене. Овој резултат покажува дека е време за модерно Скопје како и дека сакаме да живееме во модерен град. На овие избори беше важно да се победиме за поубаво Скопје. Им честитам и на останатите кои се во трка за да направиме промени за градот. Настапот и програмите на овие кандидати внесоа енергија за нова трка. Како човек кој што ќе го води градот Скопје, кој што ќе биде модерна метропола, ги повикувам сите кои не сте задоволни од досегашните градски власти, да се здружиме и да ги поразиме. Видовме што може да направи овој досегашниот градоначалник, кој што не реализира ниту 5 отсто од она што го вети. Овие 3 недели за мене беа една интересна трка, каде се покажа дека ниту црната кампања не поминува повеќе кај скопјани. Време е за промени, за позитивни промени во Скопје. Она што е важно е дека денес е нов почеток за следниот круг на избори. Не застануваме, туку заедно продолжуваме и во вториот круг да излезете во уште поголем број. Ниту еден ден скопјани повеќе не треба да живеат во метеж и во урбанистички хаос“, изјави Арсовска. 

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе