Локални избори

Арсовска: Откако ќе станам градоначалник ќе се откажам од статусот конзул на Унгарија и од претседател на ССК

Ќе се откажам од статусот конзул на Унгарија како и од функцијата претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, со цел да ја извршувам градоначалничката функција, истакна Данела Арсовска, кандидатот за градоначалник на Скопје на вечерашното гостување во „Само интервју" на Канал 5 телевизија.

На прашање од водителот што ќе се случи со статус конзул на Унгарија, Арсовска одговори:

"Како што имам статус на конзул на Унгарија, исто така имам и статус на претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија и ќе се откажам од сето тоа, затоа што во следниот период единствената намера што ја имам е да бидам претставник на сите скопјани во градот Скопје".

 

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе