Локални избори

Арсовска: Не се плашам од заканите и фалсификатите, промената во Скопје не може да се сопре

„Видовме срамна црна кампања со лаги, фалсификувани документи, па дури и лични закани кон мене и моето семејство. Но, јас не се плашам. Ние скопјани не се плашиме. Бидејќи никој не може да ја сопре промената искажана преку волјата на народот. Никој не може да ја сопре промената на позитивно. Од вас барам поддршка бидејќи знам дека заедно можеме Скопје да го направиме модерен град“, рече меѓу другото во обраќањето до граѓаните кандидатската за градоначалник на Скопје Данела Арсовска која нагласи дека не е политичар, туку е менаџер.

Во недела гласот на граѓаните ќе одлучи дали Скопје ќе продолжи да стагнира или ќе се движи напред, во чист, организиран, зелен и модерен европски град, рече Арсовска.

„Видовме дека некому политичките кариери му се поважни од граѓаните. Видовме силна црна кампања иницирана од градоначалникот во заминување каде се вклучи и лично самиот премиер. Видовме срамна црна кампања со лаги, фалсификувани документи, па дури и лични закани кон мене и моето семејство.
Но, јас не се плашам. Ние скопјани не се плашиме, бидејќи никој не може да ја сопре промената искажана преку волјата на народот. Никој не може да ја сопре промената на позитивно. Од вас барам поддршка бидејќи знам дека заедно можеме Скопје да го направиме модерен град. Со вашиот глас за мене ќе кажете не, на понижувањата, на досегашните лаги, на неисполнетите ветувања“, порача Арсовска.

Таа нагласи дека не е политичар, туку е менаџер, но дека, како што нагласи, пред сѐ е граѓанин на Скопје.

„И мене како и на Вас ми е преку глава од политичари кои се грижат повеќе за сопствената политичка кариера, отколку за нас граѓаните. И мене како Вас ми е преку глава од празни ветувања и лаги. Верувам дека може подобро и дека заслужуваме подобро. Се обврзувам дека со напорна работа и посветеност за нашиот роден град и со квалитетно менаџирање, ќе го направам Скопје град во кој сите сакаме да живееме, град со којшто ќе можеме повторно да се гордееме.
Скопје ќе има среден сообраќај, бесплатен јавен превоз, чисти улици и заштитени зелени зони. Скопје ќе има функционални јавни услуги што ќе го одржуваат градот и ќе бидат во служба на граѓаните 24 часа секој ден во неделата.Заедно ќе ја вратиме душата на Скопје и ќе го направиме нашиот град модерен европски град, за поубав живот за сите граѓани“, рече Арсовска.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе