Арсовска му одговори на Таравари: Кадровски решенија да си поставува во Гостивар, а не во Скопје

Откако генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, кажа дека ја прекинуваат соработката со скопската градоначалничка Данела Арсовска бидејќи го разреши од функцијата Зуди Енузи Кока, затоа што неговиот брат синоќа имал во раката пиштол, таа му порача да кадровски решенија да си поставува во Гостивар, а не во Скопје. 

„Не ја разбирам вообразеноста и коментарите на господин Таравари, со оглед на тоа што соработката ни е завршена уште вчера. Кадровски решенија може тој лично да си поставува во Гостивар, а не во Скопје. 

Со личност која напаѓа, која нема етички компас, оправдува во која било форма насилство и напад со огнено оружје како во вчерашниот инцидент и подгрева меѓуетнички тензии, нема основ да се соработува”, се вели во писмената изјава на Арсовска. 

Таа додава и дека Скопје е град на соживот, солидарност, во кој нашите сограѓани треба мирно и безбедно да живеат и да се почитуваат.

Таравари денеска рече дека негов личен став е дека градоначалничката Арсовска требало да ја консултира Алијанса за Албанците за намерата да го разреши од функцијата Зуди Енузи Кока и додаде дека партијата ќе расправа, но дека според него, тука завршува соработката со Арсовска.

„Не оправдувам користење на оружје, ама тоа беше провокација. Да се демолира хотел, а не ми е јасно зошто баш тој хотел, тоа е провокација. Ама луѓе некогаш реагираат афективно. И други би реагирале така. Пријавено е во полиција за нападот врз хотелот. Енузи го разреши градоначалничката, а не ВМРО-ДПМНЕ“, изјавил Таравари.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе